Реагираат од Победа: Играчи и членови на Шкендија (А) фрлаа шишиња кон навивачите

2191
фото: fkpobeda.mk

По денешниот инцидент на натпреварот Победа – Шкендија (А) во рамките на 10. коло во ВМФЛ, вечерва се огласија и од прилепскиот второлигаш.

„Фудбалскиот клуб Победа од Прилеп уште еднаш покажа високо ниво на организација при одигрувањето на натпреварот против екипата на Шкендија Арачиново, кој се одигра во фер и спортска атмосфера сè до последниот свиреж на судијата. Иако мечот помина без поголеми проблеми на теренот, по неговото завршување настана инцидент предизвикан од провокација на дел од гостинската екипа. Според присутните сведоци, кон домашната публика беа фрлени шишиња од страна на играчи и членови на гостинскиот тим, што предизвика реакција од дел од прилепската публика. Навивачите на Победа, испровоцирани од ваквиот потег, спонтано реагираа, но ситуацијата брзо беше ставена под контрола благодарение на брзата интервенција на обезбедувањето и присутните редари, како и полицијата. Од клубот ФК Победа истакнуваат дека натпреварот бил организиран според сите пропишани стандарди и мерки за безбедност, и дека инцидентот настанал исклучиво како резултат на несоодветното однесување на гостинската екипа по завршувањето на мечот. И покрај непријатниот епилог, прилепскиот клуб останува посветен на спортскиот дух, фер-плејот и почитта кон сите противници, со надеж вакви појави да не се повторуваат на фудбалските терени“, се вели во клупското соопштение.

ПретходноЈакимовски втор стрелец за Тренто во поразот од Виртус Болоња
СледноРајс и го посвети голот на својата тетка: Ја сакав лудо, доаѓаше на секој натпревар за да ме гледа!