Македонската ракометна федерација вечерва (20 часот) на свечена церемонија во хотелот „Хилтон“ќе ги додели признанијата за најдобрите за годината што изминува во 14 категории.
Раководството на РФМ одлучи во овој избор да ги вклучи и фановите, кои имаат шанса на „Фејсбук“ страницата да гласаат за најдобрите во машка и женска категорија. Според досегашните гласови, фановите одлучија призннието да оди кај Никола Митревски и Теодора Гулицоска.
За останатите награди ќе одлучат токму од нашата „куќа на ракометот“, а признија ќе бидат доделени на следните категории:
*Најдобар ракометар/Најдобра ракометарка
*Најдобар млад ракометар/Најдобра млада ракометарка
*Најдобар странец во машка и женска категорија
*Најдобар стрелец во машка и женска категорија
*Најдобра судиска двојка
*Тренер во машка и женска конкуренција
*Признание за посебен придонес во ракометот










