ТИМ И ИГРАЧ НА 11.КОЛО: Компаоре не знае за доста

145

Струга ТЛ како гостин на свој терен имаше проблеми со Шкупи, не одеше баш така лесно, но сите проблеми беа решени со двата гола на Басиру Компаоре кој ја продолжува голгетерската серија. Со овие два гола сега тој има 11 голови на исто толку мечеви во ПМФЛ сезонава. И е најдобар стрелец, и е еден од најдобрите во тековната сезона.

Затоа според „СпортСпорт“ е играч на ова 11.коло.

Покрај него во тимот на колото се и Стевковски (Тиквеш), Маневски, Најдовски, Мато и Омерагиќ (Вардар), Трумчи, Крстевски, Красничи и Адеми (Шкендија), Велија (Арсими).

ИГРАЧ НА КОЛОТО

БАСИРУ КОМПАОРЕ

Тим: Струга ТЛ

Роден: 23.04.1998 во Буркина Фасо

Кариера: Сонабел, Итихад Танџер, ЦА Кенифра, Клуб Африкан, Мајадохонда, Туделано, Талавера, Дон Бенито, Струга ТЛ

ПретходноБрегалница не успеа да слави против Детонит
СледноШампионот МЗТ Скопје А. му го нанесе првиот пораз на Куманово (ФОТО)