Со голот на Николо Заниоло во 40. минута, тимот на Удинезе стигна до минимална но многу вредна победа на домашен терен против тимот на Аталанта.
Домаќинот посакуваше триумф со кој што ќе се опорави од поразот од Јувентус, и токму тоа и се случи.
Аталанта пак од друга страна не успеа да се рехабилитира од негативата од првиот дел, не ги искористи своите шанси и си замина дома со празни раце.
Со оваа победа, Удинезе е осми со 15 бодови, додека пак, Аталанта со два помалку е на единаесеттото место.










