Шампионот МЗТ Скопје А. му го нанесе првиот пораз на Куманово (ФОТО)

56

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром ја оствари и четвртата победа во новата сезона, откако денеска на домашен терен беше подобар од екипата на МКК Куманово со 73:60. Момците на Васко Атанасов го контролираа резултатот во текот на целиот меч и на крајот дојдоа до очекувана победа. Единствената неизвесност ја видовме само во првиот период кога гостите беа во егал (12:12).

Гил со 23 поени го заврши натпреварот како најефикасен кај домашните, додека во составот на МКК Куманово 17 поени останаа запишами зад името на Радукиќ. За МКК Куманово ова беше прв сезонски пораз.

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 11.КОЛО: Компаоре не знае за доста
СледноРаботнички запиша и трета победа по ред, падна Гостивар