Љупче Дориев не престанува да ги тресе мрежите во шампионатот на Узбекистан. Денеска струмичанецот беше дел од победата на неговиот тим Согдиана на домашен терен од 3:0 против тимот на Куизикум, а нашиот напаѓач го отвори резултатот во првиот дел со презицен удар од белата точка.
За Дориев ова е 15. гол сезонава во шампионатот, а додаде и шест асистенции.
Веќе има „заработено“ и награди од типот на најдобар играч на месецот, а еден од неговите погодоци беше избран во исто време и за најубав.










