Лесно му е на Сити кога го има Халанд!

103
ФОТО: Manchester City/FB

Да. Лесно му е на Манчестер Сити кога во нападот го има “ѕверот“ Ерлинг Халанд. Имено во дербито на десеттото коло од Премиер лигата, Манчестер Сити го пречека Борнмут, второпласираниот тим досега, и го презеде второто место од нив со победа од 3:1.
Нема што, „Граѓаните“ изгледаа одлично, поточно, играа онака како што сака Пеп Гвардиола и стигнаа до заслужена победа.Стрелец на два гола беше Халанд и сега има 13 во сезоната по ова 10.коло.
Во 17-та минута Манчестер Сити поведе, по контранападот на Халанд, кој се стрча кон Петровиќ по додавањето од Черки, беше незапирлив и постигна гол за 1:0.
Грешката на Донарума го турна Борнмут во израмнување. Корнер од левата страна, очајна интервенција на Италијанецот, а топката ја дочека Адамс, кој постигна гол за 1:1.
Во 33-та минута, одлична акција на Манчестер Сити, Халанд ја избегна офсајд стапицата, се упати кон голот, го заобиколи Петровиќ и ја испрати топката во мрежата за 2:1. На следнит гол се чекаше до 60.минута кога лошата поставеност на одбраната на Борнмут, О’Рајли ја искористи, шутираше и го погоди долниот десен агол за она што се покажа како конечен резултат од 3:1.

Со овие три бода сега Сити е втор со -6 бода во однос на водечкиот Арсенал.

ПретходноНевидена бламажа: Ц. Звезда – Радник Сурдулица 1:1! Милојевиќ добива отказ!
СледноБолоња со гостинска победа кај Парма!