Браво: Македонија се пласираше на Европското првенство 2026

549

Македонската машка кадетска репрезентација завери пласман на Европското првенство 2026 година кое ќе се одржи во Србија. Избраниците на Горан Кузманоски после поразот од Грција, на последниот меч ја совладаа селекцијата на Луксембург со убедливи17-25 и го исполнија условот да завршат како првопласирани во својата група.

Поповски со шест гола беше прв стрелец, зад него беше Ѓорѓиески со пет погодоци.

Изедначена битка имаше само во воведните минути, по што Македонија полека, но сигурно започна да ја гради позитивата за победа, дојде на плус три на средината н првото полувреме (5-8), а потоа фати ритам. Имаше водство од пет гол 8-13, на одморот беше 9-13.

Сликата на теренот не се промени ниту во вториот дел, нашите кадети доминираа до смиот крај и сосема заслужено се радуваа на пласманот. Европското првенство ќе се игра во Србија од 29 јули до 9 август.

ПретходноПелистер остана перфектен!
СледноВест Хем со пресврт до победа против Њукасл