Вест Хем со пресврт до победа против Њукасл

22

Во добар дуел со многу борба, одлична атмосфера и голови, тимот на Вест Хем на домашен терен успеа предмалку да слави против тимот на Њукасл со конечни 3:1.

Победата е уште послатка за домаќинот ако се знае дека се враќаше од негатива и дека противникот можеше лесно да дојде до позитива денеска. Сепак, домаќинот навреме се врати резултатски, заигра на резултат и ги освои трите бода.

По само четири минути игра Њукасл изненадувачки дојде до водство по соло продорот на Марфи. Во 35. минута Лукас Пакета израмни на 1:1, а пред самиот крај на полувремето, една акција од десно на Арон Ван Бисака беше кобна за гостите. Бутман во обид да исфрли си постигна ефектен автогол.

Во вториот дел Вест Хем ја контролираше ситуацијата. Потс постигна ефектен гол од непосредна близина во 69. минута но истиот беше поништен поради офсајд. Соучек во последните секунди од мечот го постави конечниот резултат 3:1.

 

ПретходноБраво: Македонија се пласираше на Европското првенство 2026
СледноПартизан остана без тренер, сменет Срѓан Благојевиќ