Убав, прекрасен и голем гест на ФК Пелистер, поточно на раководството на клубот. Имено сиот проход од билетите за “Дербито на Македонија“, кое се игра во среда од 17 часот, ќе биде дониран на семејството на Зоран Петковски, некогашниот кошаркар на КК Пелистер и кошаркарска легенда на Битола, кој неодамна почина.
Инаку билетите се веќе пуштени во продажба и ќе чинат по 200 денари.















