Де Роси најверојатно ќе ја преземе Џенова

23

Даниеле Де Роси е најсериозен кандидат да биде нов тренер на тимот на Џенова, откако менаџментот на клубот одлучи да му врачи отказ на Патрик Виера.

Клубот во моментов е во потрага на негова замена, а како што јавуваат медиумите во Италија, Де Роси е фаворитот.

Џенова е во ужасна ситуација, и е последна на табелата во Серија А. Нема сеуште победа сезонава, што ја прави ситуацијата многу деликатна.

Како привремено решение, тимот ќе го предводат Роберто Мургита и Доменико Кришито на утрешниот натпревар против Сасуоло. По овој натпревар, раководството на Џенова ќе се обиде да назначи постојан тренер со долгорочен договор.

 

ПретходноИнтер во Верона се спаси со автогол
СледноСелта со гостински триумф кај Леванте