Келн добитен против Хамбургер

21

Тимот на Келн во првиот од двата денешни дуели во Бундес лигата на домашен терен успеа да слави против Хабургер со убедливи 4:1.

Во дуел во кој дојде до двојно водство по головите во 25. односно 48. минута Келн, најпрво имаше среќа со поништениот гол на гостите во 50. минута. Сепак, Хамбургер со голот на Домпе стигна до 2:1, а потоа во финишот на мечот имаше вистински мал хаос. Хамбургер во четири минути остана без двајца играчи, па со деветмина противници, Келн најпрво преку Ел Мала дојде до 3:1, а потоа и крему Камински до конечните 4:1.

Келн е шести на табелата со 14 бодови, додека Хамбургер е тринаесетти со осум поени.

 

ПретходноПродолжува агонијата на Фиорентина сезонава
СледноНема финале за Миовски, Селтик го победи Ренџерс во полуфиналето од Лига Купот