Продолжува агонијата на Фиорентина сезонава

20

Тимот на Фиорентина прописно се обрука и денеска. Во рамките од новото коло во Серија А, тимот нод Фиренца на свој терен загуби со минимални 0:1 од тимот на Лече и со тоа дополнително си ја искимплицира и онака лошата ситуација во моментов.

Клучен играч на мечот беше интернационалецот од Албајија, Медон Бериша кој што го постигна единствениот гол на овој меч во првото полувреме.

На вториот дуел пак од пладневната програма екипите на Торино и Пиза си ги поделија бодовите во ремито 2:2.

Фиреонтина е претпоследна со само четири бодови, додека пак Лече е петнаесетти со девет. Торино најдобро котира и е дванаесетти, а Пиза исто така ја чека сериозна битка за опстанок со шесте досега освоени бодови.

 

ПретходноПартизан остана без тренер, сменет Срѓан Благојевиќ
СледноКелн добитен против Хамбургер