Синер победи во Париз и се врати на врвот на АТП листата!

33
ФОТО:USOpen/FB

Јаник Синер е победник на АТП мастерсот во Париз. Италијанецот во финалето беше подобар од Феликс Оже Алиасим со 2:0 во сетови.Ова за него беше првата титула во кариерата на овој турнир. Уште поважно за него е што Синер сега повторно на врвот на АТП листата, го симна од престолот својот голем ривал Карлос Алкараз.

Синер првиот сет го доби со 6:4 во гемови, додека во вториот мораше да игра тај-брејк и да го добие со 7:4 за конечни 2:0 во сетови.

Ова финале траеше речиси два часа.

Рековме веќе, со оваа победа и со освојувањето на овој турнир, Јаник Синер сега го презеде врвот на АТП листата.

ПретходноНема финале за Миовски, Селтик го победи Ренџерс во полуфиналето од Лига Купот
СледноАлавес со три бода против Еспањол!