Струмичани со сигурен старт кон одбрана на титулата

29
Фото: ОФМ

Актуелниот шампион во најсилната машка одбојкарска лига, Струмица 47&72 имаше сигурен старт на новата сезона, со победа од 3:0 на гостувањето кај Лирија, во рамките од второто коло.

Поради обврските во ЦЕВ Лигата на шампионите струмичани беа принудени да го одложат првиот натпревар од домашното првенство против Јанта Волеј, па во одбрана на титулата тргнаа една недела подоцна и тоа без посериозни проблеми.

Вториот викенд кај мажите не донесе изненадувања, односно Штип УГД ја потврди фаворитската улога против дебитантот Скопје. Сушево со максимален резултат ја совлада Македонија Џио во регионалното дерби, додека Шкендија во три сета се радуваше над Весна Пробиштип пред својата публика. Дуелот од ова коло кој го носеше епитетот дерби се одигра уште во четвртокот и заврши со 3:0 победа на Работнички 71&22 над Борец. Последниот дуел од втората рунда меѓу Јанта Волеј и Универзитет во Тетово е одложен и ќе добие дополнителен термин за одигрување.

ПРВА ЛИГА МАЖИ, 2. КОЛО

РАБОТНИЧКИ 71&22 – ГОК БОРЕЦ  3:0 (25:13, 25:22, 25:20)

СКОПЈЕ – ШТИП УГД  0:3 (7:25, 9:25, 14:25)

МАКЕДОНИЈА ЏИО – СУШЕВО         0:3 (21:25, 15:25, 22:25)

ШКЕНДИЈА – ВЕСНА ПРОБИШТИП   3:0 (25:21, 25:13, 28:26)

ЛИРИЈА – СТРУМИЦА 47&72 0:3 (22:25, 23:25, 16:25)

ЈАНТА ВОЛЕЈ – УНИ. ВО ТЕТОВО      одложена

ПретходноКузмановски: Зад оваа награда стои титула, моето семејство, соиграчите и Битола!
СледноРежимот на Вучиќ не го замолчи Ѓоковиќ (ФОТО)