Хот со “звукот на сирената“ за прва, дебитантска победа на Маџари! (ФОТО)

68

Маџари – Тиквеш 76:74 е исходот од вечерашниот меч од 5.коло во нашата елитна кошаркарска лига. Резултатот на две секунди до крајот резултатот беше 74:74, за да Хот успеа да се “одблокира“, се најде сам пред обрачот и погоди за победа на својот тим. Дебитантска и прва победа на Маџари во тековната сезона.

Ако Маџари беше блиску до победа со МЗТ Скопје, МКК Куманово и Пелистер и не успеа, вечерва сепак имаше повеќе среќа и знаење за да дојде до победата на која сите во тимот и тоа како и се израдуваа.

Треба да се каже дека во текот на целиот меч се водеше израмнета борба, ниту еден тим не направи некоја осетна разлика, па така јасно беше дека во финишот ќе се решава победникот.

Прво на две секунди кошаркарите на Тиквеш израмнија на 74:74, за да потоа беше земен тајм-аут од домашните. Следуваше маестрална акција и Хот на 0,5 секунди постигна кош за победа, апсолутно заслужена.

Кога сме кај поентерите, најефикасен кај домашните беше Димчевски со 16 поени, додека кај гостите тоа беше Глигоријевиќ со 22 поени.No description available.No description available.No description available.No description available.No description available.

No description available.

ПретходноБарса го “реши“ Елче, се “разбуди“ и Јамал!
СледноЦ. Звезда си “гази“ во Евролигата, ама Спартак Суботица покажа како треба против тимот на Обрадовиќ!