Капитенот на македонската ракометна репрезентација и на тимот на Пелистер, Филип Кузмановски е прогласен за ракометар на годината за 2025 година. РФМ вчера на свечена церемонија ги додели признанијата за најдобрите, а главната награда отиде во рацете на Кузмановски.
„Благодарност до РФМ и претседателот како и до Министерството за спорт. Чест е да се биде овде пред толку многу легенди. Зад оваа награда стои титула, моето семејство, моите соиграчи и градот Битола. Благодарност до сите“, изјави Филип Кузмановски.










