Со конечни 3:1, и тоа извојувани по продолженијата, тимот на Селтик е финалист во шкотскиот Лига Куп победувајќи го вечниот ривал Ренџерс во полуфиналето од ова натпреваување.
За гостите на овој меч настапи и нашиот Бојан Миовски, кој што ете не успеа да се запише во листата на стрелците и да му помогне на неговиот тим да избори пласман понатаму.
Нашиот репрезентативец не се најде во стартниот тим, но влезе како замена во 71. минута.










