ТФТ и натаму е максимален, триумф против Феникс 2010 за “пет од пет“

36
Фото: ФБ ТФТ

И дефинитивно ТФТ е во одлична форма. Вечерва во меч од 5.коло во елитната кошаркарска лига на Македонија, тимот од Тафталиџе како гостин успеа да дојде до победа над Феникс 2010 и тоа со 58:80.

Ова значи дека ТФТ и натаму е максимален, ова е петта победа во петтиот меч за овој тим.

Домашните кошаркари во првиот период пружи силен отпор против фаворитот, па така првата четвртина заврши со резултатски егал 23:23. Веќе во втората четвртина, ТФТ дојде до разлика од +13 поени и тука го реши натпреварот.

Во продолжение од средбата кошаркарите на Феникс 2010 се обидоа да ја намалат разликата, во таа трета четвртина одбраните беа на ниво, или нападот затаи и кај двете екипи ако се знае дека заврши со неверојатни 9:9.

Сепак во последната четвртина ТФТ уште еднаш покажа како треба и на крајот не само што го доби овој период убедливо, туку убедливо го доби и самиот натпревар.

Златевски со 19 поени беше најефикасен кај домашниот состав, додека пак кај победничкиот тим Стојановски запиша 14 поени, додека Гордон заврши со12.

ПретходноЦ. Звезда си “гази“ во Евролигата, ама Спартак Суботица покажа како треба против тимот на Обрадовиќ!
СледноГолем гест на Пелистер: Приходот од билетите за мечот со Вардар ќе се донира на семејството на Зоран Петковски! (ФОТО)