Уапсен навивачот на Победа кој се обиде да ги нападне гостите од Арачиново

185

Во денешниот стандарден, и официјален билтен на Министерството за Внатрешни Работи е објавена информацијата дека е уапсен навивачот, кој што вчера се обиде да ги нападне играчите на Шкендија Арачиново, по завршувањето на дуелот на оваа екипа на гостински терен против Победа во Прилеп, во рамките од десеттото коло од ВМФЛ шампионатот.

Дотичниот навивач го исркши прозорецот од соблекувалната во која што се наоѓаше цеколупната екипа на Шкендија Арачиново, по што бил приведен од органите на редот.

„На 01.11.2025 во 15:30 часот на градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Ф.З.(33) од Прилеп затоа што го нарушил јавниот ред и мир со оштетување и уништување инвентар и други делови од спортскиот објект. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава“, објави МВР во билтенот.

 

ПретходноДербито во Битола за Александар Грујоски
СледноИнтер во Верона се спаси со автогол