Кристијано Роналдо одговори на зборовите на Вејн Руни дека Лионел Меси е подобар од него.
„Нема проблем, но не се согласувам со него. Нема да бидам скромен“, вели напаѓачот на Ал-Наср во најавата за неговото интервју со Пирс Морган.
Новинарот и ТВ водител претходно најави разговор со Роналдо, нарекувајќи го „неговото најлично и најискрено интервју досега“ и го праша што мисли за изјавата на Руни.
                









