Голема трагедија се случи денеска во првенството на србија, каде во Лучани почина третерот Младен Жижовиќ, кој беше тренер и на екипата на Шкупи во нашето фудбалско првенство. Искусниот стратег се струполи во 22-та минута од натпреварот меѓу Младост од Лучани и Радничкои од Крагуевац, по што беше однесен со брза помош, но за жал лекарите не успеаја да му го спасат животот.
Младен Жижовиќ, роден на 27 декември 1980 година во Рогатица, е име кое фудбалот на БиХ го следи повеќе од две децении. Неговата играчка кариера го одведе од локалниот клуб Младост Рогатица, преку Радник од Бијелина, па сè до Зрињски Мостар, каде што беше важен член на тимот од 2005 до 2010 година. Во сезоната 2008 година имаше два настапи за репрезентацијата на Босна и Херцеговина.
Кога ја заврши својата играчка кариера, Жижовиќ почна да работи како тренер. Неговиот прв значаен ангажман беше во Радник Бијелина, а потоа се пресели во Зрињски Мостар. Неговото тренерско патување не беше без предизвици. Во сезоната 2023/24 дојде во Шкупи, а потоа ги предводеше и Борац од Бања Лука и сега српски Раднички, во чии редови настапува нашиот репрезентативец Лука Станковски.
Tragedija u Lučanima, preminuo Mladen Žižović, utakmica Mladost – Radnički odmah prekinuta. pic.twitter.com/oOGnZiTOfW
— Aleksandar Ilić (@aleks89ilic) November 3, 2025
                









