Во Јанта Волеј едногласни пред двомечот со Волеро: Ќе докажеме дека не случајно сме тука

50

Одбојкарките на македонскиот шампион Јанта Волеј, откако испишаа историја со пласманот во 3. коло од квалификациите за Лигата на шампионите на ЦЕВ, утре имаат уште едно ново, големо европско искуство. Во Скопје гостува екипата на Волеро од Франција, кој како голем фаворит доаѓа на пресметка со нашите девојки, кои на денешната прес-конференција ги истакнаа своите очекувања од првиот дуел.

„Утрешниот натпревар го гледам како само можност да се докажаме дека заслужавамое да сме таму каде што сме. Многу сме сзадоволни со досегашниот успех. Мотивацијата и желбата ни се на највисоко ниво. Ние уживаме во одбојката, така што се надавам дека истото тоа ќе го покажеме и сега. Сосема се загласувам дека во спортот има изненадувања, а доста ја подигнавме и самодовербата, искрено, и сплотеноста и хемијата на тимот. Многу не израдува досегашниот успех. Навистина се чувствуваме како да сме испишале историја. Искрено, навистина се радувам дека имаме толку посилен противник. До сегашното искуство во одбојката ни покажува дека многу повеќе се очекува кога имаш посилен противник. Многу помотивирано се влегува во терен. Фокусот ни е многу битен. Да се држиме до целта и до нашата игра. На првиот меч со Гацко имаше одлична посетеност во Јане Сандански, што буквално ни даде многу добар ветар во грб, ако можам така да кажам. Не мотивираше за подобра игра, атмосферата беше супер. Се надевам дека утре ќе дојдат во уште поголем број“, истакна капитенот на нашиот првак, Тамара Тасевска.

Слични очекувања има и техничарот на тимот, Ана Старчевиќ.

„Немаме големи очекувања, но дефинитивно е убаво искуство за нас и за помладите девојки што го сочинуваат овој тим. Ќе ја покажеме нашата најдобра игра и ќе се обидеме да бидеме што е можно подобри и да бидеме на највисоко ниво, да докажеме од една страна дека сме таму каде што сме со причина, дека не победивме случајно, дека не стигнавме до оваа трета рунда случајно. Затоа се надевам на најдоброто во трката и ги поканувам сите фанови на одбојката да се појават во што поголем број, да ја наполнат салата, да има убава атмосфера и убав натпревар“, изјави интернационалката од БиХ, Ана Старчевиќ.

Утрешниот прв меч со Волеро во рамките на 3. коло од квалификациите во Лигата на шампионите е закажан во 18 часот во СЦ „Јане Сандански“. Реваншот ќе се одигра на 13 ноември во Кан.

ПретходноМирко Ивановски: Гостувањето на Вардар мотивира, верувам дека фановите ќе ни ја дадат поддршката!
СледноСпоред медиумите во Ц. Гора: Треневски е кандидат за тренер на Партизан!