Ендрик во јануари заминува во Франција, се чека „амин“ од Реал

31

Младиот фудбалер на Реал (М), Бразилецот Ендрик ќе се пресели во Лион откако разговарал со Пауло Фонсека. Според „Л’Екип“, главниот тренер на Лион разговарал со Ендрик по телефон и го убедил Бразилецот во проектот на клубот. Напаѓачот на Реал Мадрид сака договорот за позајмица да биде склучен што е можно поскоро за да може да му се приклучи на Лион веќе на 1 јануари.

Се забележува дека Реал Мадрид и Лион сè уште не се договориле за условите на трансферот, бидејќи мадридскиот клуб очекува да добие парична отштета за позајмицата. Но се зборува дека и повредата на препоните на Франко Мастантуоно би можела да го спречи заминувањето на Ендрик.

ПретходноБарса со сите сили по Хари Кејн, а тој најверојатно ќе го продолжи договорот со Баерн Минхен!
СледноАко по утрото се познава денот: Седумте победи на Оклахома носат нова шампионска титула?