КК Пелистер ги пушти во продажба билетите за мечот со Цедевита! (ФОТО)

27
ФОТО: КК Пелистер Битола/FB

Нов европски меч во Битола. Кошаркарскиот клуб Пелистер победнички дебитираше на домашен терен во ФИБА Европа купот, а веќе в среда пред „зелено-белите“ е нов предизвик пред битолската публика, овојпат против хрватскиот ривал Цедевита јуниор.

Билетите за овој натпревар се пуштени во продажба во „ЗИКС“ и можат да се купат по цена од 200 денари. На денот на натпреварот билети ќе можат дасекупат и на билетарницата во салата „Боро Чурлевски“.

Ова е исклучително важен меч, на кој победа ќе значи и задржување на шансите за пласман во следната фаза од ФИБА Европа купот. Противникот е квалитетен, а на битолските кошаркари ќе им биде неопходна поддршка од трибините во борбата за овој значаен триумф.

Добрите резултати од домашното првенство треба да се пренесат и на европската сцена, тоа се може само со поддршка од фановите.

Натпреварот меѓу Пелистер и Цедевита јуниор се игра в среда со почеток во 20 часот.

ПретходноНа познат фудбалер од Премиерлигата му се заканувале со пиштол!
СледноПолувреме: Арсими – Башкими 2:1, домаќинот пропушти многу шанси!