Луис Хамилтон го напушта Ферари – познато е кој ќе го замени

116
фото: Lewis Hamilton our champion (X)

Во Ферари почнале сериозни разговори за иднината на возачкиот тандем. Според информациите на италијанските медиуми, најверојатно Луис Хамилтон нема да добие понуда за продолжување на договорот.

Во тој контекст, најсериозен кандидат за негов наследник е младиот Оливер Берман, талентираниот британски возач и член на возачката академија на Ферари.

Берман оваа сезона бележи импресивни настапи, особено во моментите кога доби прилика да ја покаже својата вредност во конкуренција со поискусни колеги.

Неговата форма во квалификациите и трките го привлече вниманието на шефот на тимот, Фред Васер, кој не ја криеше својата воодушевеност.

За време на трката во Мексико, Берман храбро се бореше против четирикратниот светски шампион Макс Верстапен, па дури некое време ја држеше третата позиција. На крајот мораше да попушти, но успеа да го задржи четвртото место пред Оскар Пијастри во Мекларен — огромен успех за толку млад возач.

„Ги имав во ретровизорите цела трка“, рече Берман по завршувањето.

Берман оваа сезона покажа дека има брзина, интелигенција и способност за носење правилни одлуки под притисок — квалитети што Ферари ги бара во својот иден лидер.

Со оглед на возраста на Хамилтон и процесот на постепено подмладување на тимот, се чини дека предавањето на „палката“ би било логичен чекор.

Иако засега од Ферари нема официјални коментари, шпекулациите не престануваат.

ПретходноХоџиќ пред дербито со Арсими: Нашата цел се трите бода!
Следно„Boarding completed“: Познати се сите патници на ЕП 2026 на кое ќе играат и македонските кадети!