Мирко Ивановски: Гостувањето на Вардар мотивира, верувам дека фановите ќе ни ја дадат поддршката!

74
ФОТО: FC Pelister Bitola/FB

ФК Пелистер одржа прес – конференција на која присутни беа претседателот на клубот Александар Стефановски, потоа капитенот Мирко Ивановски и тренерот Милан Стојановски.

Битолчани веќе осум кола се без победа, поразите се редат, па така сега Пелистер се наоѓа при дното на табелата.

Во пресрет на “Дербито на Македонија“, кое се игра во среда, но и за други работи, свој коментар даде Ивановски:

Во екипата не постојат поделби, кланови и проблеми. Нормални ситуации се некои реакции кога резултатите не ни се наклонети, но ве уверувам дека тимот е обединет. Гостувањето на Вардар мотивира, верувам дека гледачите ќе ни дадат поддршка и ќе дојдат во голем број и заради хуманиот аспект на натпреварот.

Видување за актуелната ситуација со тимот имаше и тренерот Милан Стојановски. Тој посочи дека против Вардар ќе се оди на победа:

Пријатно сум изненаден од квалитетот на фудбалот во Првата македонска лига.

Јас сум поборник на ВАР системот и мислам дека може да му донесе само добро на македонскиот фудбал. Видов напредок во натпреварот против Тиквеш за разлика од претходно. Иако ни гостува лидерот Вардар, ние како на секој натпревар играме на победа.”

Претседателот Стфановски покрај другото истакна дека сите членови на УО на ФК Пелистер работата без надомест:

,,Натпреварот Пелистер – Вардар ќе има хуманитарен карактер. Целиот приход од влезниците (по цена од 200 денари) ќе биде наменет за семејството на прерано починатиот Зоран Петковски. Целиот управен одбор на ФК Пелистер се вработени во Општина Битола и во ФК Пелистер работат без надомест. Од доаѓањето на оваа управа клубот сите средства во клупската каса се од спонзорски договори, продажба на билети, продажба на дресови.”

ПретходноНико Вилијамс најверојатно ќе оди на операција!
СледноВо Јанта Волеј едногласни пред двомечот со Волеро: Ќе докажеме дека не случајно сме тука