Македонскиот репрезентативен голман и член на Пелистер, Никола Митревски е еден од ракометарите коj доби наградата од РФМ. Митревски уште еднаш доби потврда дека е вистински пример за сите генерации, тој беше избран за најдобар ракометар од страна на публиката преку социјалните мрежи.
Денеска искусниот голман се огласи, им се зблагодари на сите и вети дека ќе продолжи да работи да остане пример.
„Викендот беше чест да се биде дел од возобновената ракометна манифестација, Ракометари на Македонија 2025, организирана од Ракометната федерација.
Ви благодарам на сите за поддршката којашто ја добив за избор за најдобар ракометар според навивачите за сезоната 2024/25.
Ова признание ми е поттик да продолжам да работам уште понапорно, да се усовршувам и да бидам пример за младите спортски надежи дека со труд, упорност и срце – сè е можно“, напиша Митревски.










