ПМФЛ: Голеада во Гостивар! Арсими убедлив против Башкими!

149
ФОТО: KF Arsimi/fb

Арсими – Башкими 4:2 е исходот од првиот меч од 12.коло, кој се одигра попладнево во Гостивар. Ова е четврта победа или втора на свој терен за тимот од Чегране. За Башкими трет пораз.

Одличен меч за Арсими, играчки го “згази“ својот денешен противник, и вистинско е чудо како од толку шанси, барем десет, не успеа да постигне уште некој гол.

Стрелци на головите беа Таипи, Дардишта и Шефити два, а за кумановци стрелаа Мемети од далечина и Аворнио.

Инаку самиот меч започна мирно, да не кажеме здодевно. Бе некоја посебна акција која би “мирисала“ на гол. Во тие моменти Симоновски се повреди па мораше да биде заменет.

Прво нешто интересно видовме во 25.минута кога домашните преку Мустафа можеа да поведат, нешто подоцна и Шефити беше во шанса, а потоа и Бешагиќ. Се редеа шанситепред голот на Кумановци, Арсими во бранови напаѓаше. Во 29.минута Таипи погоди, но ВАР го поништи тој гол.

Следуваа заканите на Шефити, Таипи, Гафури, но гол немаше па немаше. И се така до 38.минута кога конечно Таипи погоди од непосредна близина за 1:0.

Сепак радоста на домашните кусо траеше, неполни две минути подоцна, Мемети со убав удар од далечина го израмни резултатот на 1:1.

На пауза сепак се замина со водство на Арсими, а за тоа најзаслужен беше Дардишта кој со гол во 45.минута донесе 2:1.

Во продолжение од средбата, Башкими како да почна да игра, ама Арсими и натаму ги диктираше настаните на теренот. Па така Шефити во 50. и Таипи во 57.минута можеа да го зголемат водството на Арсими. Шефити повторно се закани, во таа 60.минута Шефити ја погоди стативата, а Дардишта одбиената топка не успеа да ја смести топката во мережата на гостите.

Ова беше петта убава шанса за Арсими само во второто полувреме, неверојатно, но резултатот сеуште гласеше само 2:1. И пак статива, сега Таипи.

Ова навистина е неверојатно.

И конечно, конечно Шефити погоди за 3:1 во таа 62.минута. Убав гол откако убаво беше проигран од Гафури. Ова за него беше гол бр.8 во досегашниот дел од сезоната.

По овој гол Арсими како да “дигна рачна“, не беа нападите така опасни, а и немаше потреба.

И тоа не беше се, Шефити во 90.минута го мина голманот и ја погоди празната мрежа на Башкими за 4:1. Аворнио врати за конечни 4:2.

ПретходноСинер и Алкараз договорија егзибициски натпревар во Јужна Кореја
СледноМитревски го доби најголемото признание и вети: Ќе продолжам да бидам пример за младите спортисти!