Заврши првиот дел од првиот меч од 12.коло во ПМФЛ. Резултатот на дуелот Арсими – Башкими по првите 45.минути е 2:1. И веднаш да се каже дека домашните беа далеку подобри, имаа барем 7-8 шанси, но постигнаа само два гола, додека кумановци од еден шут ја затресоа противничката мрежа.
Таипи во 38.минута погоди за 1:0. Минута подоцна Мемети израмни со удар од далечина, а во 45.минута Дардишта донесе водство за домашните.
Мустафа, Таипи во два наврати, Шефитио исто, Гафури, Бешагиќ… се играчите на Арсими кои имаа шанси. На Таипи му беше поништен и еден гол.















