Откако раководството на Партизан му врачи отказ на Срѓан Благојевиќ, раководството на клубот од Белград е во потрага по нов стратег. Се споменуваат неколку имиња, а едно од нив и нашиот Виктор Треневски.
Ова го пренесува CGFudbal, кој од свои извори дознава дека Македонецот е еден од најсериозните кандидати за шеф на струката на српскиот гигант.
Треневски е поранешен фудбалер на Партизан и добро познато име за навивачите на клубот. Тој играше во црно-белиот дрес од 1995 до 1998 година, имаше над 80 настапи и постигна 19 голови, оставајќи длабока трага во Хумска. Својата тренерска кариера ја изгради со голем успех – моментално ги предводи амбициозните Балкански орли, додека претходно седеше на клупите на Грбљ, Ком, Дечиќ, Работнички и Заврч, со кои постигна забележителни резултати. Ова лето беше многу блиску до клупата на Будуќности.
Познат е по својата работа со млади и талентирани играчи, кои подоцна се развија во многу сериозни фудбалери.
Раководството на Партизан, според најавите, веќе разгледува неколку имиња, но Треневски, со своето искуство, знаење и поврзаност со клубот, би можел да биде сериозен кандидат за враќање во Белград – овој пат во улога на тренер.










