За тоа какви кошаркарски услови владеат во Македонија со години (за жал ништо не е променето ниту денеска), најдобро зборува и изјавата на поранешниот кошаркар на Струмица, Немања Бешовиќ, кој во гостување на еден од најпопуларните српски поткасти за кошарка „Јао Миле“, ја опиша својата голгота по доаѓањето во Македонија во 2016 година.
Бешовиќ, кој почна во Војводина и белградски Паризан, го опишува шокот со кој се соочил доаѓајќи да игра во македонската лига пред десетина години.
                









