Таипи: Башкими е квалитетен противник – нека биде вистинско дерби!

50
Фото: ФФМ

Арсими во натпревар од 12. коло од ПМФЛ  е домаќин на Башкими со што се отвора вториот круг од дуелите во фудбалскиот шампионат. Натпреварот во Гостивар носи дополнителен интерес бидејќи се среќаваат две екипи кои се познаваат добро и секогаш нудат возбудливи средби.

Напаѓачот на Арсими, Албан Таипи, ја изрази својата подготвеност и мотивираност пред денешниот дуел:

“Очекуваме едно вистинско дерби. Играме против квалитетен тим кој има свои доблести, но ние сме подготвени и ќе дадеме се од себе за да го задржиме позитивниот ритам. Работевме напорно во текот на неделата и верувам дека со вистински пристап можеме да дојдеме до нова победа пред нашата публика”.

Екипата на Арсими ќе се обиде да ја продолжи добрата серија и да освои нови бодови, додека мечот против Башкими се очекува да донесе одлична фудбалска атмосфера на трибините.

Натпреварот се игра на градскиот стадион во Гостивар  со почеток од 13:30 минути.

ПретходноАтлетичарка убила со нож возач на Убер…и било здодевно!
СледноНекогашниот српски репрезентативец ја пцуел полицијата, но и испратил остра порака до Вучиќ