У-15: Македонија ја победи Ерменија за второ место на развојниот турнир во Албанија!

82
ФОТО: FFM.MK

Македонската репрезентација до 15 години ја совлада Ерменија со 2:1 на последниот натпревар од развојниот турнир во Албанија. Селекцијата предводена од Горан Станковски запиша победа против Косово (1:0) на отворањето на турнирот, а во второто коло, минимално загубивме од домашната репрезентација на Албанија (0:1).

На денешниот натпревар против Ерменија рано го отворивме резултатот, веќе во 3. минута, Виган Таири донесе предност за Македонија. Ариан Исаку во 52. минута го удвои нашето водство, а противникот во последната минута само ја намали предноста.

Македонија до 15 години: Јован Даноски, Андреја Блажев (76` Хамза Зубери), Калин Аврамовски, Ариан Исаку (76` Дин Рожајац), Ејман Емини (82` Филип Богоевски), Фисник Амити (82` Диар Ајрулау), Васко Трајков (46` Павел Димоски), Доротеј Христов (46` Драган Петков), Стефан Стојановски (63` Амар Незири), Виган Таири (63` Борис Матески), Јован Јанчевски (63` Дијар Алиу); Селектор: Горан Станковски;

Репрезентацијата на Албанија до 15 години го освои првото место во групата. Нашата селекција заврши на второто место со две победи.

ПретходноЗар е можно: Една сметка на МОК е блокирана? Има и долгови на сите страни?
СледноТаткото на Јамал со шокантна изјава: “Собирам картонски кутии низ Барселона“!