Хоџиќ пред дербито со Арсими: Нашата цел се трите бода!

41
ФОТО: KF Bashkimi/FB

По нерешениот резултат со Македонија ЃП, Башкими остана без тренер откако беше прекината соработката со тренерот Муарем Муарем.

Во првиот натпревар од 12-тото коло, тимот од Куманово на дуелот против Арсими ќе го предводи Мите Митев, шефот на техничкиот штаб. Напаѓач од Босна и Херцеговина во редовите на Башкими, Недим Хоџиќ, смета дека и покрај промената во стручниот штаб, атмосферата во тимот е на високо ниво и дека од Гостивар ќе се вратат со три бода.

„Одиме на натпреварот најподготвени што можеме. Фокусирани сме на остварување на нашата цел, а тоа се 3 бода. Иако имаше промена на тренер, атмосферата во тимот е на одлично ниво. Сите играчи се подготвени и едвај чекаат да почне натпреварот. Сите сакаме да ги израдуваме нашите навивачи и со Божја помош, конечно да прославиме“, изјави Недим Хоџиќ.

Последниот натпревар меѓу овие две екипи во Куманово заврши нерешено (1-1). Натпреварот меѓу Арсими и Башкими ќе се одигра на стадионот во Гостивар, а почетокот е закажан за  13:30 часот.

ПретходноНекогашниот српски репрезентативец ја пцуел полицијата, но и испратил остра порака до Вучиќ
СледноЛуис Хамилтон го напушта Ферари – познато е кој ќе го замени