Што играше денеска Башкими?! (ВИДЕО)

947
ФОТО: KF Bashkimi 1947 / FC Bashkimi 1947/FB

Денеска во меч од 12.коло меѓу Арсими и Башкими, домашните победија со 4:2. Вистинска голеада со шест голови. Сепак не се памети еден тим, барем не во последно време, да искреирал толку шанси на еден меч. А нив ги имаше барем десет за домашните. Арсими постигна четири голови, а можеше да брои барем до десет.

Просто несфатливо е како во одредени моменти реагираше гостинската одбрана, па прво Таипи, па после и Шефити лесно го пронаоѓаа патот до мрежата на гостите од Куманово.

Наше е само да укажеме, погледнете ги уште еднаш головите на Таипи и Шефити.

Треба да се каже дека Башкими денеска го одигра убедливо најслабиот натпревар во изминиот дел од сезоната.

Затоа е прашањето што ли играше Башкими денеска? Па веројатно Башкими не е Шкупи!

Погледнете ги головите…

ПретходноМартин Томовски е најдобар голман во Втората Бундес-лига (ВИДЕО)
СледноКонте: Три месеци слушам само критики, но кога ќе ја видам табелата таму Наполи е прв!