По разделбата со Муарем Муарем, Башкими денес го претстави новиот тренер на првиот тим. Станува збор за Баже Јанакиевски, кој претходно беше на кормилото на тимот и оствари одлични резултати.
Управата на клубот одлучи да се врати во соработка со име познато за клубот и навивачите – стратегот кој испиша историја со тоа го врати Башкими во елитата.
„Клубот силно верува во претходно лансираниот проект, проект кој самиот беше прекинат од лични причини пред почетокот на сезоната, но кој сега продолжува со иста посветеност и енергија. Со целосна доверба во својата работа и во потенцијалот на тимот, раководството на клубот одлучи дека прв кој заслужува да се врати на тренерското место е Баже Јанaкиевски“, се вели во клупската објава.
                














