„Boarding completed“: Познати се сите патници на ЕП 2026 на кое ќе играат и македонските кадети!

81

Потполнети се последните 10 места за ЕП 2026 во Србија за мажи до 18 години и тоа преку пет квалификациски турнири. Покрај Македонија за овој шампионат се чекираа уште Чешка, Финска, Израел, Италија, Црна Гора, Полска, Швајцарија, Словачка и Турција.

Тие ќе им се придружат на 14-те нации кои беа претквалификувани благодарение на нивниот тековен четиригодишен ранг во категоријата помлади мажи.

По втор пат, ЕП 2026 во М18 години ќе се игра со 24 екипи, од 29 јули до 9 август во Србија. 10-те екипи кои ги резервираа своите билети на квалификациските турнири ќе им се придружат на 14-те екипи кои веќе се квалификувани благодарение на нивниот четиригодишен ранг: домаќините Србија, Хрватска, Данска, Шпанија, Германија, Унгарија, Исланд, Португалија, Шведска, Србија, Австрија, Фарските Острови, Франција, Словенија и Норвешка.

Третопласираните репрезентации од квалификациските групи – Грција, Летонија, Литванија, Холандија и Романија, како и трите најдобри четвртопласирани – Естонија, Луксембург и Украина, ќе играат на ЕХФ шампионат 1, додека Кипар и Косово ќе настапат на ЕХФ шампионат 2, заедно со селекциите кои дополнително ќе се пријават.

ПретходноЛуис Хамилтон го напушта Ферари – познато е кој ќе го замени
СледноНико Вилијамс најверојатно ќе оди на операција!