Зар е можно: Една сметка на МОК е блокирана? Има и долгови на сите страни?

373

Марија Ковачева

Во Македонскиот Олимписки Комитет се чини работите не одат според посакуваниот правец. Од нигде никаде без дополнително објаснување, Управниот одбор на чело со претседателот Даниел Димевски, одлучија да ги тргнат сега веќе екс-генералниот секретар Сашо Поповски и спортскиот директор Владимир Богоевски, две личности кои долго време беа на висока функција во оваа институција, две личности кои беа од голема помош за да Димевски ја задржи позицијата на која се наоѓа во моментов.

Но, ова не се единствените лоши вести кои доаѓаат од МОК. До нашата редакција стигна информација дека најголемата спортска федерација е „заглавена“ во долгови и тоа на име на договори од Младинската Олимпијада која доживеа фијаско…иако многумина се „тешеа“ дека била врвно организирана. Димевски засега ги нема исполнето своите обврски кон дел од луѓето со кои имал договор за работа токму за овој голем настан. На неговата врата тропаат бројни компании кон кои МОК им долгови, истите немаат никаков одговор кога ќе ги добијат своите чесно заработени пари.

Неофицијално дознаваме дека сметката на МОК која беше наменета за ЕМОФ во овој момент е блокирана. Компаниите кои се одлучиле по правен пат да ги бараат своите пари во моментов не можат да ги наплатат бидејќи сметката е блокирана.

МОК во изминатиот период го „тресеа“ скандали, а врвот го достигна онаму каде што најмалку требаше – ЕМОФ 2025. Во европски рамки станавме земја за потсмев бидејќи не беа обезбедени основните услови кои требаше да ги имаат сите учесници на Младинската Олимпијада за која имавме време да се подготвивме, но…

ПретходноМитревски го доби најголемото признание и вети: Ќе продолжам да бидам пример за младите спортисти!
СледноУ-15: Македонија ја победи Ерменија за второ место на развојниот турнир во Албанија!