Исаксен и Закањи му донесоа нова победа на Лацио

23
фото: Lega Serie A (X)

Фудбалерите на Лацио ја совладаа екипата на Каљари со 2:0 во вечерашниот натпревар од италијанската Серија А.

Првиот погодок за домашниот тим го постигна данецот Густав Исаксен во 66-тата минута од натпреварот. Во 92-та минута Закањи постигна втор погодок и го затвори прашањето на победник нa овој меч. Со оваа победа Лацио се врати на 8-то место на табелата и има 15 бода по 10 одиграни натпревари, додека пак Каљари се наоѓа на 14-тото место со само 9 бода од 10 меча.

ПретходноРоналдо му одговори на Руни: Меси подобар од мене? Не се согласувам…
СледноСандерленд го „преживеа“ и Евертон и остана во ТОП-4