Ламине Јамал, и не само поради фудбалот, стана медиумска мега – ѕвезда. Што и да направи овој тинејџер, кој има само 18 години, наголемо се пишува, анализира, детализира.
Секако дека сега и неговите најблиски од семејството се цел на медиумите.
Овојпат неговиот татко Мунир Насрауи, даде шокантна изјава.
Во интервју за шпанските медиуми, тој откри дека, иако неговиот син веќе заработува милиони во Барселона, тој сè уште работи како собирач на картони на улиците на каталонската престолнина.
„Кога шетам по улиците, се сеќавам дека порано барав работа во градежништвото и немаше. Денес, ако барате работа, ќе ја добиете. Но, младите луѓе не сакаат да работат. Тие треба да бидат мотивирани да станат, да направат нешто од себе. Парите ќе дојдат, но ако само седат и губат време, ќе изгубат сè“, рече Насрауи.
Тој нагласи дека му е благодарен на својот син за сè што направил за семејството, но дека сè уште се обидува да остане активен и да работи колку што може повеќе.
„Многу луѓе зборуваат глупости. Велат: „Зошто не работиш? Зошто живееш од синот?“ „Па, да, јас живеам од синот и му благодарам за тоа. Синот не мора да ме носи во дом за стари лица, сè уште можам да работам. Собирам картонски кутии низ Барселона и ги продавам за осум центи за килограм“, рече тој искрено.










