Домашниот ракомет се враќа: Непобедливите Вардар 1961 и Алкалоид први на сцена (ЛИНК)

567

После една недела пауза поради ЕХФ-неделата посветена на репрезентациите денеска продолжуваат мечевите од Супер-лигата. На програмата е 10. коло во домашниот шампионат. Единствените два тима кои немаат пораз, Вардар 1961 и Алкалоид ќе се обидат да продолжат во ист ритам.

Вардар 1961 е гостин на Пролет, најтрофејниот ракометен тим има девет победи во исто толку меча и се наоѓа на врвот на табелата, со оглед на тоа дека е голем фаворит, очекувањата се дека ќе дојде до 10-тата победа.

Алкалоид пак има осум победи и две ремија. Тимот на Кирил Лазаров е домаќин на Струга во Автокоманда. И тука не би требало да има дилеми околу крајниот исход, иако во составот на актуелниот освојувач на ЕХФ Европскиот Куп нема да биде Борзаш, кој ќе биде надвор од терените два месеци.

СУПЕР ЛИГА МАЖИ – КОЛО 10
04.11.2025 ВТОРНИК
18:00 часот РК ПРОЛЕТ 62 – РК ВАРДАР 1961
18:00 часот РК АЛКАЛОИД – РК СТРУГА
05.11.2025 СРЕДА
18:45 часот РК БУТЕЛ СКОПЈЕ – ГРК ОХРИД – пренос во живо на МРТ
19:00 часот РК ПРИЛЕП – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
20:00 часот МРК КУМАНОВО – ГРК ТИКВЕШ 2014
06.11.2025 ЧЕТВРТОК
17:30 часот РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – РК РАДОВИШ
ПретходноПОЛУВРЕМЕ: Струга ТЛ со водство во Ѓорче, без голови на ФФМ!
СледноТреневски: Никој не ме контактирал, инаку би тргнал пеш за Партизан!