Во текот на вчерашниот ден се случи голема трагедија. За време на првенствен меч во Србија, во Лучани почина тренерот Младен Жижовиќ. Младиот стратег кој го водеше и Шкупи се струполи во 22-та минута од натпреварот меѓу Младост од Лучани и Радничкои од Крагуевац. Брзата помош веднаш реагирала, но неговото срце прстанало да чука.
Од клубот за српските медиуми открија дека Жижовиќ не се чувствувал добро и пред мечот, за време на ручекот, се пожалил на мачнина.
Младен Жижовиќ почина на 44 години и зад себе остави две ќерки и еден син.










