Одбојкарките на Работнички почнуваат во Челинџ Купот со гостување во Естонија

24
фото: CEV.eu

Третиот македонски женски претставник во европските клупски купови, екипата на Работнички во следните два дена ќе го одигра двомечот од првото коло од ЦЕВ Челинџ купот, на гостински терен, против естонски РАЕ Спортдикол.

Одбојкарките на Работнички од вчера се адаптираат во Јури, одработија и тренинг, додека првиот меч го играат денеска, 18 часот, по македонско време, на кој се условни домаќини. Естонскиот ривал ја има фаворитската улога, но македонскиот претставник најави голема борба.

„Со двата натпревари против РАЕ Спортдикол во Естонија, Работнички го продолжува континуитетот со настапи на европската сцена петта година во низа. Се соочуваме со сериозна и искусна екипа, која е шампион во естонското првенство, а истовремено и освојувач на Балтичката лига, како и на Балтичкиот Суперкуп од пред еден месец. Тимот е составен од искусни и квалитетни играчи, четири од нив се репрезентативки на Естонија, земја во која се игра квалитетна одбојка. Максимално сме подготвени, но и внимателно влегуваме во овој двомеч, во кој и ние како екипа имаме свои адути. Верувам дека со максимално залагање, почитување и исполнување на тактичките замисли, дисциплинирана игра и борба за секој поен, можеме да дојдеме до позитивен резултат и да направиме еден голем исчекор напред на европската сцена“, позитивно размислува стратегот на Работнички, Душко Деспотовски.

Работнички во натпреварувањето во Челинџ купот влегува со одлична серија од четири победи во исто толку натпревари на домашната сцена, и со позитивна атмосфера која желбите се да се преслика и на теренот.

ПретходноЛШ: Мега-дуели во Париз и Ливерпул, Наполи на Елмас го пречекува Ајнтрахт
СледноРома останува без Дибала до репрезентативната пауза