ПМФЛ: Струга ТЛ знае како против “Лавовите“, Работнички – Тиквеш 0:2!

247
ФОТО: FC Struga/FB

Попладнево се одиграа два меча од 12.коло во тековната сезона во ПМФЛ. Струга ТЛ како гостин славеше кај Македонија ЃП со 0:2, додека Тиквеш исто како гостин, во меч кој се одигра на ФФМ, успеа да го победи Работнички исто со 0:2.

За само две недели, ова е втора победа на Струга ТЛ во Ѓорче. Во 1/8 финалето во Купот беше 0:5, а денеска 0:2. Едноставно стружани уште еднаш покажаа дека знаат како против “Лавовите“. Стрелци на головите беа Рочи и Компаоре. Со оваа победа Струга ТЛ се врати на врвот на табелата со 29 бода, Вардар е втор со 27 и со меч помалку.

Уште на стартот од мечот Струга ТЛ наметна свој ритам, имаше иницијатива, знаеше што сака. Па така уште во 3.минута Флоријан Рочи имаше убава шаса за гол, но од само два метри не успеа да ја внесе топката во мрежата на “Лавовите“. Во 20.минута од слична ситуација и Компаоре можеше да стрела, но ништо и од оваа шанса.

Неколку минути подоцна Јевтоски од далечина опасно се закани, но за малку над голот на Јанков.

И конечно гол, и тоа во 33.минута. Стрелец на тој убав гол беше младиот Рочи, кој од својата втора шанса дојде до својот прв гол и тоа на своето деби за Струга ТЛ.

Со овие 0:1 се замина на пауза.

Во продолжение од средбата иста ситуација на теренот. Струга ТЛ ја покажуваше својата надмоќ, иако „Лавовите“ како да почнаа да играат нешто подобро.

Во првата фаза од второто полувреме Малески со два шута од далечина опасно се закани кон домашниот гол, но останаа тие 0:1.

Пенал за гостите во таа 60.минута. Малески беше фаулиран во домашниот шеснаесетник, а судијата Крумислав Ѓорѓиев покажа на белата точка. И по ВАР проверката, одлуката остана иста – пенал за Струга ТЛ.

И 0:2 за Струга ТЛ, сигурен пеналџија беше Компаоре, ова е негов 12 гол во тековната сезона.

Во 90.минута беше покажан пенал за домашните, ама по проверката на ВАР, истиот беше поништен и покажан само слободен удар за МЃП.

No description available.

Работнички како домаќин на ФФМ, не успеа ниту во седмиот меч во низа да победи. Тиквеш славеше со 0:2 и тоа со головите на Миловановиќ во 68.минута и прекрасниот гол на Стојкоски за 0:2. И дефинитивно Работнички е во страшна криза. Тимот од Градски парк имаше шанси, сепак реализацијата затаи како и обично оваа сезона. Кавадарчани знаеја како да дојдат до победата. Иннтересна ситуација во 90.минута. По долгата проверка на ВАР, беше покажан пенал за Работнички, ама Асани го промаши цел гол, шутираше над стативата на гостите.

Со оваа победа Тиквеш сега има 12 бода и е на 9.место, додека Работнички со 7 бодови е претпоследен.

ПретходноТреневски: Никој не ме контактирал, инаку би тргнал пеш за Партизан!
СледноВМФЛ: Шкендија (А) и натаму е лидер, Беласица броеше до 8 а Осогово до 6!