ПОЛУВРЕМЕ: Струга ТЛ со водство во Ѓорче, без голови на ФФМ!

57
ФОТО: FC Struga/FB

Завршија првите полувремиња од двете денешни средби од 12.коло во ПМФЛ. Струга ТЛ како гостин кај Македонија ЃП на стадионот во Ѓорче, со убавиот гол на Флоријан Рочи во 33.минута има водство од 0:1. Стружани беа подобар противник, имаа шанси преку Рочи и Компаоре, за поубедливо водство, но на пауза се замина со тие 0:1.

Фудбалерите на Македонија ЃП не успеаја да искреираат ниту една шанса, едноставно беа немоќни против поквалитетниот ривал.

На ФФМ, каде играат Работнички и Тиквеш нема голови. Интересна средба, со многу трчање и борбеност, и со по една шанса за двете екипи. Калани кај домашните и Мишов гостите, но сепак мрежите не се тресеа.

ПретходноБилетите за Македонија – Летонија по цена од 200 и 300 денари!
СледноДомашниот ракомет се враќа: Непобедливите Вардар 1961 и Алкалоид први на сцена (ЛИНК)