Треневски: Никој не ме контактирал, инаку би тргнал пеш за Партизан!

100

Партизан остана без тренер откако раководството му врачи отказ на Срѓан Благојевиќ. Како негов наследник во јавноста се споменуваат неколку имиња, а едно од нив и нашиот Виктор Треневски. Ова го пренесува CGFudbal, кој од свои извори дознава де

„За мене, како и за повеќето, ова е одлична вест што ја прочитав утрово, но за жал останува само тоа, бидејќи немаше контакти со луѓе од Партизан“, рече Виктор Треневски на почетокот од разговорот.

Доколку во наредните денови стигнеше покана, дали би ја прифатиле, го прашаа од „Спортски Журнал“.

„Тоа би ми било голема чест. Би им рекол на луѓето од Партизан да ми дадат два дена, бидејќи би тргнал пешки до Белград. Кога станува збор за мојот сакан клуб, ништо не би ми било тешко. Би сакал да работам со овие бебиња, бидејќи мислам дека имаат голем квалитет. Се надевам дека ќе пораснат со мене“, рече Виктор Треневски кој моментно работи во црногорскиот третолигаш Голден иглс.

ПретходноДомашниот ракомет се враќа: Непобедливите Вардар 1961 и Алкалоид први на сцена (ЛИНК)
СледноПМФЛ: Струга ТЛ знае како против “Лавовите“, Работнички – Тиквеш 0:2!