Алкалоид и Вардар останаа непобедливи

60

Вардар и Алкалоид продолжија во победнички ритам, останаа непоразени и по 10 коло во Супер-лигата. Алкалоид на домашен терен ја совладаа Струга со 44-27 . За избраниците на Кирил Лазаров ова беше осма победа. Во центарот на вниманието се најде Марко Митев кој после долго време се врати на терените. Мечот го заврши со два гола од четири обиди.

Прв стрелец беше Ѓорговски со седум гола, на другата страна Мајдоб имаше исто толку гола. Вардар пак на гости славеше против Пролет со 27-39 за десетти триумф сезонава.

Малус имаше девет гола, додека два помалку запиша Хориха. Кај домаќинот Сролиевски и Палевски имаат по пет гола. Со новите бодови Вардар остана лидер, зад него е Алкалоид.

ПретходноСКОПЈЕ – ЦЕНТАР НА ТАНЦОВИОТ СВЕТ!
СледноЈанта Волеј успеа да освои сет против апсолутниот фаворит од Франција