Ване Крстевски во „аут“ до крајот на полусезоната

69
ФОТО: KF Shkendija/FB

Лоши вести од таборот на Шкендија. Офанзивецот Ване Крстевски се повреди, поточно доживеа дислокација на клучната коска, за што е потребен хируршки зафат.

Ова значи дека за него е завршена оваа полусезона, а кога поточно Крстевски ќе се врати на терените, зависи и од неговиот рехабилитационен период.

Од друга страна, добри вести има околу ситуациајта со голманот, Астрит Амзаи. Тој имаше проблеми со грбот, а утре на официјалниот тренинг пред мечот со Јагиелонија во Лигата на Конференции ќе се знае и неговата дефинитивна ситуација.

 

ПретходноМарко Митев се врати на терените
СледноОтворен современ повеќенаменски спортски центар во Ѓорче Петров