Златната рака на Војдан Стојановски му донесе победа на МЗТ Скопје

90

МЗТ Скопје дојде до втората победа во АБА2-лига, откако на гостувањето кај Студент славеше со 82-85 во меч од третото коло. Македонскиот првак имаше комотно двоцифрено водство, но му дозволи на противникот дури и да поведе, па следеше драма со среќен крај токму за „сино-белите“ и тоа благодарение на Војдан Стојановски, кој постигна тројка со звукот на сирената. На крајот зад неговото име запиша 20 поени.

МЗТ Скопје од пред крајот на првата четвртина го наметна своето темпо. После десет минути игра македонскиот првак водеше со 19-27, додека во следниот период успеа да поведе со 35-47. Доминацијата на „сино-белите“ продолжи во третата четвртина во која имаше двоцифрено водство од 13 поени. По последните 46-60, противникот почна да ја нарушува комоцијата на „сино-белите“ и со серија од 14-2 да поведе со 73-70 на три минути до крајот.

На голема среќа противникот конечно почна да греши, Војдан постигна четири поени за 73-76. Дејвис подоцна со тројка зголеми на 75-79, но најдобриот кошаркар на домаќинот Фарахан не му дозволи на МЗТ Скопје да биде комотен на пет секунди до крајот погоди тројка за 82-82. И кога се чинеше дека ќе има продолжение, Војдан Стојановски постигна тројка со звукот на сирената за конечни 82-85 и голема радост во редовите на неговиот тим.

ПретходноКина и Македонија ќе соработуваат за повеќе можности и развој на пинг понгот
СледноВтора победа сезонава за Газели Волеј